Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ја спасил „Пулс“ од казна?

Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај

ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста (Оливер) Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање.

Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата улога во аферата?

До кога ќе молчи ЈО и Коцевски?

Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката Пулс. Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството.

Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДС и ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top