Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче дава инструкции за паника додека ужива на јахтата на Заев на егејот

Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус

„Доста е од неодговорност од СДС и Филипче. Доста е од ширење паника. Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус на СДС и Филипче. Време е Филипче и СДС да понудат нешто повеќе од лаги и страв. Доколку некој умее во СДС, време е да понудат визија, решенија и одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека СДС и раководството немаат што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата, единствено што знаат е да креираат хаос, да шират лажни вести и дезинформации.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче, додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот, дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје.

„Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните. Ширењето дезинформации за водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче да не си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје. Надлежните институции веднаш реагираа и ги демантираа тврдењата со официјални податоци. Министерството за внатрешни работи презеде активности за утврдување на потеклото на информацијата и одговорноста за ширењето паника“, велат од партијата.

Во соопштението се наведува и дека Филипче и СДС треба да разберат оти политичката борба има граници.

„Филипче и СДС можат да продолжат со својот политички циркус, граѓаните одамна не им веруваат. Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на економијата, инвестициите, платите, инфраструктурата и подобар животен стандард, СДС повторно се враќа на старото познато сценарио на лаги, дезинформации и создавање хаос“, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top