Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува политиката на национални отстапки на Заев

Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека „Бугари во устав“ е последниот чекор кон членството во ЕУ

Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост.

Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија.

Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата нема повторно да се соочи со нови блокади, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде потсетуваат:

„Уставните измени за промена на името беа последните што ги спроведоа СДС и ДУИ, а денес Филипче се обидува да го наметне истото сценарио.

Членството во ЕУ останува стратешка цел, но тоа не смее да биде оправдување за прифаќање нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно СДС и Венко Филипче да ја газат волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени и секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции.

Наместо да извлече поука од претходните искуства, Филипче денес ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС на отстапки без гаранции.Тој работи на исполнување на туѓи агенди и се додворува на Бугарија за да дојде на власт, вели дека веднаш би ги спровел уставните измени.

Македонија заслужува достоинствен европски пат без нови условувања и отстапки. Граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна иднина.

А СДС ја доведе земјата во ситуација да го промени државното име, тоа што го ветуваа за влез во ЕУ не се случи, и само ја доведоа Македонија да биде мета на идни билатерални спорови, да биде ветоизирана и во позиција на блокирана преговарачка рамка“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top