Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче контра 80% граѓани на Македонија

Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, денеска потсетува дека СДСМ, предводена од актуелниот лидер повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт.

Во соопштението потсетуваат дека од таа партија се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. аа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции.

„Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија.

Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот.

Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека над 80% граѓани не смеетат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.

Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени?

Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет.

Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет, се вели во соопштението..

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top