Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На овие избори граѓаните го испратија СДСМ во историја

Неколкуте оставки не се доволни кога проблемот лежи во лидерството на Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ оствари историска победа на овие локални избори, освојувајќи 54 општини плус градот Скопје. Владината коалиција покажа дека е стабилна и легитимна, обезбедувајќи од 81, победа во 66 општини.

„Со овие резултати, опозицијата е длабоко поразена“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и ДУИ мора сериозно да се консолидираат и реформираат. Потребна е конструктивна опозиција, заснована на аргументи и поддршка за реформи, а не на деструктивни политики и пракси како во времето на СДС и ДУИ.

Во СДС, неколкуте оставки не се доволни кога проблемот лежи во лидерството на Венко Филипче, човек кој беше дел од најкриминалната и најкорумпираната власт во поновата историја на Македонија. Додека тој ја води партијата,

СДС ќе остане на дното, а овие избори се доказ дека граѓаните го испратија во историјата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top