Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема комуникација со ДУИ за предвремени избори

Идејата да се разговара за толку сериозни прашања со Бујар Османи не ни паднала на памет, велат од владејачката партија

 

По изјавите на потпретседателот Бујар Османи дека избори се очекуваат следната пролет, ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека постои комуникација со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со предвремени парламентарни избори.

Раакцијата доаѓа откако Османи изјави дека имало комуникација со ВМРО-ДПМНЕ, но не изнесе детали за некаков конкретен договор.

„Ние бараме избори. Природно, имаше комуникација со ВМРО-ДПМНЕ преку разни канали и нема противење. Очекуваме избори во пролетта 2027 година и вршиме подготовки“, изјави Османи.

Бујар Османи посакува избори идната пролет

„Нема никаква комуникација со ДУИ во врска со предвремени избори. Згора на тоа, идејата да се разговара за толку сериозни прашања со Бујар Османи не ни паднала на памет. Се чини дека Бујар повторно измислува начин да остане релевантен среде измислени националистички наративи“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи, гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, изјави дека тие се подготвени за избори и дека тој став му бил пренесен на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секако, ова им е пренесено преку разни канали. Нема значителен отпор во тој поглед; очекуваме предвремени избори некаде следната пролет и соодветно се подготвуваме“, рече Османи.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top