Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не користи трагедии како во минатото за политички поени

Како што тоа го правеа случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други

„Бесрамно и безобразно е соопштението од страна на СДС во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош.

Истата партија кога е во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија.

Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии.

СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ..

„Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени.

За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња“.

ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина, се вели во соопштението на владејачката партија..

Најнови вести од: Македонија

To top