Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се вложува во правосудство, а ефикасност и правда скоро и да нема

Нема ниту резултати, нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи, а плаќаме најмногу и добиваме најмалку

Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања.

Секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овој процент ние одвојуваме повеќе дури и од далеку помоќните економски европски држави како Франција која за судството одвојува 0,20%, Германија 0,30%, Грција 0,26% од БДП. Нашиот сосед Албанија издвојува 0,29% од БДП, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%.

Овие податоци покажуваат дека иако Македонија е мала држава и по територија и население, сепак за правосудството издвојува значителни средства од државниот буџет. Ова значи дека нашата држава во правосудството вложува најмногу од сите погоре набројани држави, а добива најмалку“ се вели во соопштението..

„Согласно вложувањата и обезбедените финансиски средства ние требаше да имаме најнезависно и најефикасно правосудство, но наместо тоа граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но истата ретко се добива, а понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

И во вакви околности кога Македонија процентуално од БДП издвојува најмногу средства за правосудството во регионот и Европа, а судиите земаат и до три просечни плати, некои и повеќе, а резултатите од нивната работа се минимални, сепак бараат уште.

Нема ниту резултати, нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи, а плаќаме најмногу и добиваме најмалку. Наместо фокусот да им е само за повисоки плати, нека се зафатат за работа и нека покажат резултати од работењето за да ги оправдаат и сегашните највисоки во регионот.

Правосудството е зрело за реформи и тие мора и ќе се случат.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top