Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година

Тоа значи повеќе специјалисти во јавните здравствени установи, посигурна професионална иднина за младите лекари и подобра здравствена услуга за граѓаните

 

Со цел модерно квалитетно и достапно здравство за сите граѓани, Владата  испорачува конкретни резултати воздравениот систем, соопштуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Со рекорден буџет од над 1 милијарда евра, здравствениот систем добива најсилна финансиска поддршка досега. Средствата се дирекно насочени кон нов медицински кадар, квалитетни здравствени услуги, нова инфраструктура и медицинска опрема.

Особено значајна е одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Тоа значи повеќе специјалисти во јавните здравствени установи, посигурна професионална иднина за младите лекари и подобра здравствена услуга за граѓаните.

Исто така владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира и историското зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина и гинекологија кој се зголеми од 75 на 100 денари, односно за 33%, додека кај матичните стоматолози зголемувањето е од 61 на 75 денари.

Со тоа, се вели во денешното соопштенние, директно се зајакнува примарната здравствена заштита, се подобруваат условите за работа на матичните лекари и се создава простор за отворање нови ординации.

„Паралелно, позитивната листа на лекови е проширена со нови терапии. Додадени се девет нови генерички лекови за кардиоваскуларни заболувања, депресија и деменција, а листата е дополнета и проширена и со три антикоагулантни лекови Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан.

Тоа значи поширок избор на терапии за пациентите и намалување на финансискиот товар, бидејќи лековите се обезбедуваат на товар на ФЗО.

Зад политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ стојат конкретни резултати а фактите се јасни: над 1 милијарда евра за здравство, 300 нови приватни специјализанти, зголемени капитациски бодови и проширена позитивна листа на лекови“ велат од партијата и додаваат дека Владата  ќе продолжи да работи на кадровско и финансиско зајакнување на здравството.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top