Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче летаа со државен хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеше авион до Ниш, но заврши времето на злоупотреби!

СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија наведува: Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска со хеликоптер на МВР леташе на државна сметка од Скопје до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка среде пандемија. Заев и Филипче, наместо за борба против ковид-19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси имајќи предвид дека едно летање на хеликоптерот чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

СДС, наместо демагогии и лаги, да понуди идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата. Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДС заврши. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа што носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните. – подочува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top