Македонија

Во Бугарија ја обвинија и еврокомесарката Кос за загубената битка против Македонија во ЕП

Барајќи виновници за неприфатениот амандман за додавање „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ на четири места во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во пристапувањето кон Европската унија во Бугарија го вперија прстот и кон еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Така како што јас го гледам политичкиот процес, предупредив уште во ноември, кога […]

Барајќи виновници за неприфатениот амандман за додавање „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ на четири места во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во пристапувањето кон Европската унија во Бугарија го вперија прстот и кон еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Така како што јас го гледам политичкиот процес, предупредив уште во ноември, кога беше избрана, буквално на денот на нејзиниот избор, дека на оваа позиција доаѓа човек што самиот и членовите на неговата партија покажаа, да кажеме така, недобар однос кон Бугарија. И уште тогаш предупредив дека изборот на г-ѓа Кос со реториката што знаеме дека ја носи ќе претставува проблем за Бугарија, за бугарската страна и за нашата работа на извештајот за пристапувањето на Република Северна Македонија. Г-ѓа Кос, за време на неколку средби со пратениците на Комитетот AFET (Комитет за надворешни работи), даде неколку интересни изјави, каде што формулираше неколку свои тези, кои подоцна видовме дека се рефлектираат во извештајот. Инаку, во Европскиот парламент нема униформност во врска со тоа кој како гласа, дури и во поединечните политички групи, дури и во нашата група на европски конзервативци и реформисти“, изјави бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, предлагач на антимакедонскиот амандман, за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Неговиот „соборец“ во Европскиот парламент, Радан Канев, вчера се пожали на тројцата европратеници од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за блокирањето на петте бугарски амандмани на извештајот за Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top