Македонија

Во двата скопски затворa фатени осуденици како се дрогираат

Полицијата утврдува како дрогата стигнала до нив

ФОТО: РАДОВАН ВУЈОВИЌ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во два одделни  инциденти пријавени во казнено-поправните установи во Скопје пронајде дрога и поголема количина лекови.

Во КПУ „Идризово“ вчера за време на извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети.

Вчера, пак во КПУ „Затвор Скопје“ затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин.

И во двата случаја полицијата утврдува како таблетите и дрогата стигнеле во затворите.

Најнови вести од: Македонија

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top