Македонија

Во пожарите годинава изгореа 275 илјади кубни метри дрва

Во 167 шумски пожари била зафатена површина од 17.422 хектари

 

Директорот на Националните шуми, Здравко Трајанов, изјави дека во над 160 пожари, изгорени се над 17.000 хектари шумска површина во целата земја.

„Оваа година, до овој момент, регистриравме 167 шумски пожари. Тука морам јасно да нагласам дека спроведуваме статистичка анализа само за пожари што биле во рамките на шумските површини. Зафатена е површина од 17.422 хектари и за жал, изгубени се 275 илјади кубни метри дрва“, изјави Здравко Трајанов, директор на Националните шуми.

Трајанов подвлече дека ситуацијата ќе се следи на терен, каде што дел од дрвјата ќе бидат отстранети од изгорените површини, додека на останатите, доколку условите дозволат, ќе бидат засадени нови дрва.

Тој вели дека во споредба со минатата година, ситуацијата е подобра, подвлече тој, најавувајќи дека според статистиката од 2000 година па наваму, пожарите во Македонија изгореле околу 270.000 хектари шумска површина во

„…досега, од 2000 година, имавме 5.386 пожари, изгубена е површина од, условно кажано, 270 илјади хектари“, рече Здравко Трајанов, директор на Националните шуми.

Сепак, тој појасни дека ова не се смета за трајна загуба на површини, бидејќи како што рече природата се обновува сама по себе, па дел од шумите се обновуваат сами по себе.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top