Македонија

Во Прилепската болница проневерени биле речиси 43 милиони денари – ОЈО сомничи 25 луѓе и 7 фирми

Сомнителни се набавките за сервисирање возила, чистење простории, реконструкција на инфективното одделение, физичко обезбедување и други услуги

Основното јавно обвинителство во Прилеп отвори истрага против 16 физички и 7 правни лица, по поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција. Дополнително, уште 9 лица се осомничени за дела што ќе се гонат во скратена постапка.

Осомничените се товарат за серија злоупотреби во постапки за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп „Борка Талески“. Според обвинителството, постои основано сомнение дека тие, како соизвршители, свесно ги прекршиле прописите за јавни набавки со цел да извлечат значителна имотна корист или да нанесат штета на установата.

Делата за кои се товарат се „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ според член 275-в од Кривичниот законик, како и „Проневера во службата“ од член 354. За некои од осомничените се испитуваат и дејствија поврзани со несовесно работење, злоупотреба на службена положба и овластување, како и фалсификување или уништување деловни книги.

Меѓу осомничените се поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, како и управители на неколку компании. Според наодите на Државниот завод за ревизија, преку сомнителни набавки за сервисирање возила, чистење простории, реконструкција на инфективното одделение, физичко обезбедување и други услуги, била предизвикана штета од речиси 43 милиони денари.

Обвинителството до судијата на претходна постапка достави предлог за притвор за шестмина осомничени, додека за останатите 19 лица се предложени мерки на претпазливост.

Најнови вести од: Македонија

Честитка од Сиљановска-Давкова до сите верници кои го прославуааат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Чулев: Судот утврди дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски

Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука

To top