Македонија

Во штипските основни училишта свечено примени првачињата

Во пет основни училишта

Во петте штипски основни училишта традиционално пред стартот на новата учебната 2025-2026 година беа свечено примени првачињата. Со рецитал и пригодна манифестација денеска беа пречекани првачињата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов присуствуваше на свечениот прием на првачињата во Општинско основно училиште (ООУ) „Славејко Арсов“ во населбата Баби во Штип. Во ова училиште 35 првачиња за првпат седнуваат во училишните клупи, а учениците од повисоките одделенија подготвија соодветна програма за пречек на првоодделниците.

-ООУ „Славејко Арсов“ утринава ја отвора вратата за нашите вредни мали првачиња, нашите ученици со кои сите заедно, сплотени како едно, иднина со знаење ќе градиме вредно. Вратата на иднината се отвора со моќта на знаењето, а затоа во училиштето наши мали првачиња, ве чекаат вредни наставници со кои ќе зачекорите по првите скали на убавите сказни, мудрости и приказни разни, рече Ристе Трајковски директор на ООУ „Славејко Арсов“.

Првачињата ги поздрави и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој беше дел од оваа пригодна маниифестација. Тој им посака многу радосни моменти, многу знаење, и успешно започнување на нивниот образоваен процес.

-Ова е навистина ден за паметење, кој е значаен за сите нас затоа што е нов почеток и верувам дека ќе го паметиме до крајот на нашиот живот. Нов почеток, за нови успеси, за нови знаења, за нов развој на нашиот град и за развој на населбата Баби. Ви посакувам драги првачиња деновите да ви бидат исполнети со радост и многу знаење, вели Јорданов.

И оваа година во ООУ „Славејко Арсов“ Штип бројот на првачиња е намален идентично како и во сите останати основни училишта во Штип. Инаку во петте штипски основни училишта над 360 ученици го започнуваат своето образование во прво одделение.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Најнови вести

To top