Војната на Соединетите Американски Држави во Иран досега чинела 25 милијарди долари, изјави денес високиот финансиски службеник на Пентагон, Џулс Херст, давајќи ја првата официјална проценка за трошоците на војната.
Херст им кажа на конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека поголемиот дел од тие пари биле потрошени за муниција, објави Ројтерс.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, му рече на Комитетот дека зголемувањето на буџетот на Пентагон следната година на 1,5 трилиони долари ќе „ја одржи најмоќната и најспособната војска во светот“.
Хегсет рече дека Иран „не се откажал од своите нуклеарни амбиции“ и сè уште има илјадници ракети.