Свет

Опсадна состојба низ цела Германија: 1.200 полицајци во акција против Hells Angels

Од раните утрински часови, германската полиција спроведува една од најголемите операции во историјата против озлогласената моторџиска група Hells Angels.

Од раните утрински часови, германската полиција спроведува една од најголемите операции во историјата против озлогласената моторџиска група Hells Angels.

Дури 1.200 полицајци, вклучувајќи специјални единици, учествуваат во масовната рација во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Министерството за внатрешни работи во Диселдорф соопшти дека здружението Hells Angels Motorcycle Club Leverkusen официјално доби забрана за работа непосредно пред почетокот на операцијата.

Претресите се вршат во 28 градови, меѓу кои Келн, Дортмунд, Дуизбург, Бохум, Билефелд, Леверкузен и Хилден. Полицијата ги таргетира домовите и бизнисите на осомничените членови и нивните поддржувачи, со цел да се конфискува нелегално стекнат имот и да се соберат материјални докази.

Операцијата ја води полицијата од Диселдорф во соработка со Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал (ZeOS NRW). Истрагата е покрената поради сомневање за основање и членство во криминална организација.

Ова не е првпат германските власти да преземат сериозни мерки против Hells Angels. Во 2017 година беше забранет огранот Hells Angels MC Concrete City, а забраната беше потврдена од судот четири години подоцна.

Сепак, во последните години групата значително се засили во оваа покраина. Според полициските податоци, Hells Angels моментално имаат 29 ограноци со вкупно 469 членови. Нивниот број нагло се зголеми откако им се придружија бројни поранешни членови на ривалската група Bandidos, со што повторно станаа најголемата моторџиска група во Северна Рајна-Вестфалија.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top