Македонија

Над 600 деца жртви на сексуална злоупотреба за шест години, најмалото има под 3 години – бројот постојано расте!

Од 2020 до 2025 година

Над 600 деца во Македонија биле жртви на сексуална злоупотреба во периодот од 2020 до 2025 година, покажува анализата на Народниот правобранител. Според податоците, евидентирани се вкупно 604 случаи, од кои 508 во периодот 2020–2024 година и дополнителни 96 во 2025 година.

Најголем дел од жртвите се девојчиња. Во периодот од 2020 до 2024 година, 455 жртви се девојчиња, а 53 момчиња, додека во 2025 година од вкупно 96 жртви, 88 се девојчиња и 8 момчиња.

Според анализата, најчести се тешки кривични дела, меѓу кои силување на дете под 15 години (186 случаи), полов напад и силување (99 случаи) и вонбрачен живот со дете (96 случаи).

„Жртви има и меѓу деца под 10 години, а најмладото дете било помало од три години“, изјави Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител.

Најголем дел од жртвите се на возраст од 11 до 15 години. Според податоците, над половина од случаите се однесуваат на оваа возрасна група.

Случаите најчесто ги пријавуваат родители и здравствени установи, додека образовните институции и центрите за социјална работа поретко учествуваат во пријавувањето.

Во анализата се наведува дека постојат слабости во институционалното постапување, вклучително и недоволна координација меѓу надлежните институции. Иако законски е предвидено детето да дава изјава еднаш, во пракса, како што се наведува, жртвите се сослушуваат повеќе пати.

Дополнително, се нотира недостиг од специјализирани простории за сослушување на деца, обучен кадар и доволни ресурси, како и долготрајни судски постапки, кои во одредени случаи траат и до две години.

Меѓу препораките се наведуваат еднократно сослушување на детето, обезбедување специјализирани услови за работа со жртви, континуирана обука на професионалците и воведување на „Барнхаус“ модел – интегриран систем за заштита на деца.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека регистарот за сторители на вакви дела функционира, но прашањето за дополнителни мерки сè уште не е регулирано.

Анализата е објавена во период кога институциите постапуваат по повеќе случаи на сексуална злоупотреба на малолетници.

Најнови вести од: Македонија

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Монах Амвросиј: Свети Наум ја градеше душата на древниот македонски народ, кој стои со својот идентитет во темелите на европската цивилизација! (2)

„Во тишината на бреговите на Охридското Езеро манастирот ‘Свети Наум’ со векови ја чува духовната светлина на македонскиот народ.  За да ја разбереме духовната мисија на манастирот ‘Свети Наум’ денес мораме да погледнеме во длабочината на нашиот историски и духовен континуитет. Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридското Езеро, тој не градел само ѕидови, туку ја градел душата на еден народ. Ова свето место не е само нем споменик од минатото, туку жива лулка, во која пулсираат македонскиот идентитет и нашата национална меморија. Манастирот ‘Свети Наум’ е жива историска енциклопедија, во која е впишан целиот македонски национален и духовен код. Овде не се вкрстувале само патиштата на обичните луѓе, туку овде се кршеле копјата на најголемите империи, а манастирот секогаш останувал исправен како светилник на нашата самобитност. Затоа, манастирот ‘Свети Наум’ не е само историја. Тој е жив доказ дека еден народ, што го изградил својот идентитет врз писменост, вера и манастирска непокорност, никогаш не може да биде избришан од мапата на светот!“ – нагласува во интервју за „Нова Македонија“ монахот Амвросиј, жител на ова свето место и моментно студент на Московската духовна академија.

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top