Македонија

Вонредни локални избори во селската општина Брвеница, во Тетовско, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. 

Владината портпаролка Марија Митева информира дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа за настапување законски основ за предвремен престанок на мандатот по сила на закон.

Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница.

Согласно со зааконот за локална самоуправа, Министерството во рок од 15 дена од приемот на известувањето е должно да ја информира Владата за настапувањето на законскиот основ, по што Владата во рок од 30 дена ја започнува постапката за распишување нови избори за градоначалник.

„Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови“, изјави Митева.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top