Македонија

Возраста за пензионирање во ЕУ ќе расте до 67 години

Проекциите предвидуваат рекорден раст во Европа

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе продолжи да се зголемува во наредните децении, а до крајот на 2060-тите години просечната старосна граница ќе достигне 66,9 години за мажите и 66,6 години за жените, покажува анализата на „Евроњуз“, повикувајќи се на податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според извештајот „Пензиите на прв поглед 2025“, околу две третини од европските земји ќе ја зголемат старосната граница за пензионирање на мажите, додека кај жените тоа ќе го направат три четвртини од земјите.

Зголемувањето на старосната граница е една од главните мерки за одржливост на пензиските системи, со оглед на тоа што населението во Европа забрзано старее. Според ОЕЦД, до 2050 година на секои 100 лица на возраст од 20 до 64 години ќе има 52 лица постари од 65 години, во споредба со 33 денес.

Во моментов, највисока старосна граница за пензионирање имаат Данска, Норвешка, Исланд и Холандија – 67 години. Според проекциите, Данска до крајот на 2060-тите ќе ја зголеми границата на дури 74 години, што ќе биде највисока во Европа.

Италија, Холандија, Шведска и Кипар се очекува да имаат старосна граница од 70 години, додека Естонија ќе достигне 71 година.

Од друга страна, Словенија и Луксембург ќе останат меѓу земјите со најниска старосна граница за пензионирање на мажите – 62 години, а Полска ќе ја задржи најниската граница за жените во Европската Унија – 60 години.

Најголемо зголемување на старосната граница се очекува во Турција, каде што пензионирањето за мажите ќе се помести од 52 на 65 години, а за жените од 49 на 63 години.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top