Македонија

ВРЕДИ: Ние имаме меѓународна поддршка, а ДУИ е се’ повеќе изолирана

Политичкиот субјект ВРЕДИ продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји“, се вели во денешното соопштение од Коалицијата ВРЕДИ. „Претставниците на ВРЕДИ секојдневно […]

Политичкиот субјект ВРЕДИ продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји“, се вели во денешното соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

„Претставниците на ВРЕДИ секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, од каде што добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа. Ова покажува дека ВРЕДИ е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој.

Од друга страна, ДУИ е сè повеќе изолирана.

Меѓународните партнери ја изгубија довербата во во еден субјект кој две децении ја злоупотребуваше моќта за лични и клановски интереси. Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународни црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција“  велат од ВРЕДИ и додаваат дека токму тие се единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој за Албанците во Македонија.

„Со ВРЕДИ, постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност, додека со ДУИ е црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација.

Решени сме да ја водиме земјата, заедно со граѓаните и со поддршка на меѓународните пријатели, кон пофер, почесна и поразвиена иднина.

ВРЕДИ е ценет и добредојден од меѓународните претставници, бидејќи имаме јасна и чиста цел, за граѓаните и заедно со граѓаните!“, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top