Македонија

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата бара спас за себе

Ахмети, Села и Таравари, денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е нај јасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше ВЛЕН, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами, се вели во соопштение од ВРЕДИ.

„Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на „Ѓока Констракшн“, другиот за да ја спаси својата политичка кариера, додека последниот се труди да дојде на власт и да ги спаси членовите на своето семејство. Народот не е слеп и не јаде трева. Кога ги броеше тендерите и привилегиите, никој не и сметаше на Ахмети, дури ни Груевски или Мијалков.

Денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти.

Но секоја општина што ја водеа е во хаос. Нивниот патриотизам е како празно тенџере прави многу врева, а внатре нема ништо. На 19 октомври, Албанците ќе го дадат заслужениот одговор“, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top