Македонија

ВРЕДИ: Со кое лице и морал ДУИ зборува за „српски свет“

Некој две децении им служел на интересите на Србија, а токму тие денес морализираат за „албанството“

Со половина од раководството на меѓународни црни листи, нема ниту морал, ниту кредибилитет да зборува за „српскиот свет“, бидејќи Абаз Ѓука од ОВК заврши во Али Ахмети од Соравија поради корупција, реагира со соопштение коалицијата ВРЕДИ, кое интегрално го пренесе МИА:

„Наместо да нудат идеи за секојдневниот живот на граѓаните, тие клеветат, манипулираат и го користат секое чувство на нашиот народ за да ја прикријат својата корупција. Самиот извештај на  Western Balkans Anti-Disinformation Hub предупредува на опасноста од злоупотреба на меѓуетничките односи за дезинформации и тензии, односно чистиот модел на ДУИ/НАИ“, се вели во соопштението.

Листата на нивните темни соработки е долга, додаваат:

„Тоа се „Отворен Балкан“, на кој Вреди и Косово остро се спротивставија како закана за албанските интереси, Бујар Османи со 11 средби во Белград и ниту една во Приштина, планот од 9 точки на штета на Косово, Фатмир Бесими кој се ракува со српски генерали обвинети за воени злосторства, влегувањето на српскиот МТЕЛ на нашиот пазар, обидот за предавање на Тетово на санкционираниот олигарх Дака Давидовиќ, државјанство за Онишченко, потпишано од Груби. Ова е вистината на ДУИ/НАИ. Не постои „српски свет“, но постои свет на корупција и хаос од 20 години власт, кој е видлив со голо око во секоја општина каде што тие владеат. Албанците заслужуваат повеќе и денес единствената вистинска алтернатива за промена е Вреди“, соопшти коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top