Македонија

ВРЕДИ: Струга не е на продажба, пазарот на ДУИ нема да помине

ДУИ ја стави Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев за да ја спречи победата на Менди Ќира

 

ВРЕДИ ја обвинува ДУИ дека прави политички пазарења и дека ја става Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев.

„Кандидатурата на Мојсовска е срамна пазарења, извештачена за да се одржи во живот скапана влада што стружани ја отфрлаат“велат од Коалицијата.

„Ова не е прв пат ДУИ да прави пазарења со Левицата: од Скопје и Велес, до бистата на Андон Лазов Ќосето во средината на главниот град, секој пат кога граѓаните ја плаќале цената за овие валкани зделки“.

„Но, овој пат, Струга нема да стане жртва. На 19 октомври, стружани ќе го имаат последниот збор: Струга не е на продажба, Струга е ослободена.

Со нивниот глас ќе се затвори едно поглавје и ќе се отвори нова ера, чиста и чесна, со Менди Ќира“, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top