Македонија Свет

За ЕП не постои македонски идентиет и јазик

„За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, изјави извстителот Вајц

Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година, но во него не е содржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“,јави МИА

Во писмена изјава по гласањето Вајц посочи дека земјата е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи.

„Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ“, вели Вајц во изјавата.

Тој посочува дека во Извештајот се нагласува оти проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува земјата да ги спроведе потребните реформи. „Ги повикувам сите политички партии во С*Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ“, вели Вајц.

Тој нагласува дека како известувач на ЕУ за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“.

„За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, додава Вајц

На гласањето му претходеше бурна расправа во Европскиот парламент. Дел од европратениците го поддржаа Извештајот на Вајц за Македонија, но имаше и такви како грчката европратеничка Афродити Латинопули која истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“, јавува Дојче Веле.

Најнови вести од: Македонија Свет

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top