Македонија

Заменик-министерот Ристески се обрати на Првиот бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот

„Заедно да подадеме рака на развојот“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес учествуваше на Првиот Бизнис форум во Општина Делчево, каде се обрати пред поголем број на стопанственици од Пијанечко-Малешевскиот регион, како и од соседна Република Бугарија. Првиот Бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“ се организира со цел поврзување на локалната бизнис-заедница, институциите и потенцијалните инвеститори, како и за размена на идеи и иницијативи насочени кон економската соработка и развој на општина Делчево и регионот.

– Организирањето на ваквите бизнис форуми се одлична можност за вмрежување на компаниите и инвеститорите, но и поврзување на бизнис-заедницата и институциите што може да резултира со создавање на нови економски можности и инвестициони иницијативи. Сметам дека општина Делчево, како и останатите општини од Пијанечкиот и Малешевскиот регион имаат многу што да понудат на инвеститорите од Македонија и Бугарија, дека постои голем потенцијал за економска соработка, а секако треба да се искористат и можностите за прекуграничната соработка – кажа заменик-министерот Ристески.

Во рамки на форумот присутните имаа можност да земат учество во повеќе панел-дискусии од областа на процесите на иновации и дигитализација во стопанството, можностите за соработка со соседните региони, потенцијалите за развој и пласман на локални производи, а се одржаа и директни „B2B“ средби помеѓу компаниите. Пред присутните претставници на бизнис секторот од Македонија и Бугарија градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски ги презентираше можностите за инвестирање во општината и регионот.

Гоцевски потенцираше дека покрај можностите за зголемена соработка во туристичко-угостителската област, постои и голем потенцијал за зголемена соработка и инвестиции и во останатите економски области и индустрии. На Првиот Бизнис форум во Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“ учество зедоа повеќе компании од Македонија и Бугарија, а истиот беше во организација на Општина Делчево и Македонско-Бугарска Стопанска Комора.

Овој Форум е одлична платформа за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји и истата може да придонесе во воспоставувањето на нови партнерства и интензивирање на трговската и инвестициската размена.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top