Македонија

Запалени молотови коктели и фрлени кон куќа во Ѓорче Петров

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во Ѓорче Петров при што настанал пожар кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема.

Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 03:22 часот од страна на 49-годишна жена.

– Едно од  стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило,  а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил  изгаснат од членови на семејството.

Повредени лица нема, информира МВР.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top