Македонија

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане

Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с.Љубодраг, кумановско.

Полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во с.Доброшане, кумановско, сопственост на М.П..

За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека пиеле алкохол. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top