Македонија

Желјасков: Нема поголема гаранција за Скопје од едногласната одлука на бугарското Народно собрание

Бугарскиот премиер не гледа потреба од дополнителни гаранции за Скопје дека, освен Бугари во Уставот, нема да има други услови

Бугарскиот премиер Росен Жејасков не гледа потреба од дополнителни гаранции за Македонија дека барањето за впишување Бугари во македонскиот Устав ќе биде последно од Софија за Скопје во процесот на присоединување кон Европската унија.

На прашањето на Бугарското национално радио (БНР) дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој би му дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе „сопирачки“, Желјасков одговори дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на бугарското Народно собрание.

„На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет“, додаде тој.

Бугарскиот парламент не поставува поинакви услови, но ние инсистираме за почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да почне преговори за членство во ЕУ“, рече премиерот во емисијата „Недела 150“ на БНР како одговор на прашањето дали Бугарија ќе направи гест со повлекување на инсистирањето Бугарите да бидат вклучени во македонскиот Устав.

„Не мислам дека воопшто постои таков разговор“, додаде тој. „Ние немаме никакви билатерални нерешени односи со нив, имаме договор за добрососедство и потпишан протокол кон него, а фактот дека протоколот е нападнат пред Уставниот суд на РСМ е дел од домашната политичка кореографија што се изведува во Скопје, вклучително и пред очите на Европскиот совет. Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет – да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година. Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска унија кон Скопјe“.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top