Македонија

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава.

Во рамките на овогодишното собрание, за член на Одборот на директори на AmCham по вторпат беше избран г. Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност, како и посветеноста на компанијата на принципите за транспарентност, интегритет и за активно учество во градењето подобра бизнис-клима.

„Алкалоид“ е долгогодишен и горд член на AmCham Македонија од основањето на Комората во 2000 година. Компанијата активно ја поддржува нејзината мисија и редовно учествува во иницијативите, одразувајќи ја својата силна посветеност на принципите за одговорно корпоративно управување. AmCham претставува важна платформа за соработка со водечките американски и домашни компании и овозможува конструктивен дијалог за политики, конкурентност и за економски развој.

Покрај г. Мукаетов, во новиот состав на Одборот на директори беа избрани и Огњен Лазиќ (Пивара Скопје), Драган Давитков (PwC), Александра Ивановска (Рош) и Костас Николау (Титан Усје). Работата на Одборот на директори на Американската стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на AmCham да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на AmCham низ Европа брои 49 подружници.

По завршувањето на официјалниот дел беше организиран свечен јубилеен прием, на кој присуствуваа претставници од институциите, дипломатскиот кор, меѓународните организации и од компаниите членки. Настанот уште еднаш ја потврди улогата на AmCham како платформа која ги поврзува јавниот и приватниот сектор, која поттикнува партнерства и која иницира структурни реформи. По повод 25-годишнината, „Алкалоид“ упатува искрени честитки до AmCham и ги поздравува нејзината значајна улога и придонесот во развојот на деловната заедница.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top