Македонија

ЗНАМ до СДСМ: Излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро го критикува раководството на СДСМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро го критикува раководството на СДСМ, обвинувајќи го дека живее во партиска илузија, игнорирајќи ги фактите и реалноста по изборниот пораз. Според ЗНАМ, СДСМ доживеа невиден дебакл на локалните избори, со порази во клучни општини како Куманово, каде нивниот кандидат Мартин Костовски заврши на четвртото место, и Центар, каде Горан Герасимовски се соочува со сигурен пораз во вториот круг. „СДСМ повеќе не е партија, најмалку ‘најсилна опозициска партија’, туку распаѓачки остаток од некогашен систем што живее на инерција и старо име“, се вели во соопштението.

ЗНАМ тврди дека СДСМ го загубила кредибилитетот поради сопствената ароганција, корупција и отуѓеност од народот, претворајќи се во „приватен клуб на интереси, бизниси и меѓусебни војни“. Партијата, според ЗНАМ, е „политички труп“ без визија и морал, заробен од коруптивни мрежи поврзани со поранешни лидери како Зоран Заев и Венко Филипче. ЗНАМ ги повикува СДСМ да се „ресетираат“ и да се ослободат од овие влијанија за да ја вратат довербата на граѓаните.

Од друга страна, ЗНАМ ја истакнува својата растечка поддршка, со освоени речиси 40.000 гласови, советнички места во над 50 општини и во Град Скопје, како и очекувани градоначалнички мандати во две општини и поддршка за натпартиски кандидат во Кочани. „Нашиот концепт на народна и чесна политика добива сè поголема поддршка“, нагласува ЗНАМ, потенцирајќи дека станува релевантна политичка сила што го менува системот со работа и принципи.

„На СДСМ им порачуваме – ресетирајте се и излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи кои ве држат заробени! Го изгубивте достоинството, довербата и контактот со народот!“, стои во соопштението на ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top