Македонија

Зоран Трајчевски останува на челна позиција во ААВМУ

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ во октомври 2014 година

Зоран Трајчевски ќе ја раководи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.

Прес-службата на АВМУ вчера попладне соопшти дека Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12-тата седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top