Македонија

Зорица пееше, а Заев играше како што му свиреа грчки политичари додека го распродаваше името Македонија и го обезименуваше македонскиот народ!

Што се случувало на журка во Фурка на Халкидики во 2019 година? Познатиот грчки новинар Ставрос Цимас пишува дека во летото 2019 година, тогашниот македонски премиер Зоран Заев се сретнал на вечера со претставници на новата грчка власт предводена од Кирјакос Мицотакис, која претходно силно се противеше на Преспанскиот договор и добил уверувања од грчки еврокосар дека Мицотакис нема да го оспорува договорот. Во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ Цимас открива низа малку познати детали поврзани со Зоран Заев.

Цимас пишува дека во летото 2019 година тогашниот македонски премиер Зоран Заев, кој летувал на Халкидики, се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера во Фурка. Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја збогатиле добро вино, морски плодови и песни од познатиот грчки пејач Антонис Ремос, кои, како што наведува авторот, ги изведувала сопругата на Заев Зорица, пренесе МКД.мк. Средбата се случила непосредно по доаѓањето на власт на Кирјакос Мицотакис и неговата партија Неа демократиа, која претходно отворено се спротивставуваше на Преспанскиот договор. Во тој период во Скопје, Атина и во Брисел постоеше значителна неизвесност околу тоа каков ќе биде односот на новата грчка влада кон договорот и кон европската перспектива на Македонија.

Според Цимас, дел од тие дилеми биле расчистени токму на вечерата организирана во вилата на Маргаритис Схинас во Фурка. Схинас, тогаш нов грчки комесар во Европската Унија предложен од владата на Мицотакис, подоцна стана потпретседател на Европската комисија. Знаејќи дека Заев летува на Халкидики, преку заеднички пријател бил организиран неформален состанок во куќата на Схинас, на кој присуствувале и други грчки политичари и нивни пријатели. Целта била да се испита ставот на Заев кон новата грчка влада и нејзините намери во однос на Преспанскиот договор.


„Во почетокот на август 2019 година, и покрај веќе потпишаниот Преспански договор, за македонската политика сè уште беше неизвесен патот кон Европската Унија и датумот за почеток на пристапните преговори. Се стравуваше што ќе направи владата на Неа демократиа и како ќе се однесува во Брисел на претстојниот самит на ЕУ, каде што ќе се одлучува за пристапниот пат на ‘С.Македонија’. Таа задача ја доби Маргаритис Схинас, новиот грчки комесар поставен од Мицотакис, кој подоцна стана и потпретседател на Европската комисија“, пишува Цимас.

Заев во тие денови летувал во Неа Скиони на Касандра. Преку заеднички пријател, Схинас воспоставил контакт со него, по што на 10 август била организирана вечера во неговата куќа во Фурка. „На вечерата присуствуваа пријатели со сопругите и познаници. Заев детално ги изложи своите планови за спроведување на реформите и за исполнување на критериумите со кои беше решен да продолжи, но зборуваше и за своите политички потези во наредниот период, откривајќи дека планира да организира избори без оглед на исходот од европската перспектива“, пишува грчкиот новинар.

Според Цимас, следното утро Заев бил значително поопуштен, откако од Схинас добил уверувања дека новата грчка влада нема намера да го доведува во прашање Преспанскиот договор. Грчкиот комесар го потсетил на јавните изјави на Мицотакис дека договорот е веќе потпишан, не постои можност да биде изменет и дека Атина нема да поставува пречки за почетокот на пристапните преговори на „С.Македонија“ со Европската Унија. Во еден момент од разговорот, пишува Цимас, Заев во шега предложил седница на Владата да се одржи на Касандра, каде што летувале дел од неговите министри, а доколку било потребно да заседава и парламентот, тоа да се случи во Солун, за да можат да присуствуваат и пратениците што летувале во Переја.

Цимас пишува дека вечерата во Фурка претставувала прв директен контакт на Заев со новата политичка реалност во Грција по доаѓањето на Неа демократиа на власт. „За овој настан веднаш дознаа Германија, Франција и Шпанија, кои размената на мислења меѓу грчкиот европски комесар и македонскиот премиер таа ноќ на Халкидики ја примија со одредено олеснување“, пишува авторот. Според него, особено внимателна кон новата грчка влада била тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која добро го познавала негативниот став на Неа демократиа кон Преспанскиот договор.

По средбата меѓу Меркел и Мицотакис на 29 август 2019 година, Дојче веле објави дека скептицизмот на германската канцеларка делумно произлегувал токму од претходното противење на Неа демократиа на договорот.  „За Германија не стануваше збор за едноставен договор за решавање на проблем на европската периферија. Решавањето на спорот за името беше неопходно бидејќи создаде предуслови ‘С.Македонија’ да се приклучи на НАТО и да остане на европската патека, со што би се ограничиле обидите на Русија, Кина и Турција да го зголемат своето влијание во земјата“, наведува Дојче веле. 

Според германскиот медиум, уверувањето што Берлин го добил од новата грчка влада дека во случајот со Преспа ќе важи принципот „pacta sunt servanda“ – договорите мора да се почитуваат – претставувало еден од првите значајни сигнали за градење доверба меѓу Берлин и владата на Мицотакис. Епизодата што ја опишува Цимас нуди редок поглед зад сцената на односите меѓу Скопје и Атина во месеците по потпишувањето на Преспанскиот договор и покажува како дел од клучните политички пораки понекогаш биле разменувани далеку од официјалните средби и дипломатските сали.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top