Македонија

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

Во Собранието за нов министер без ресор беше избран претседателот на Демократската партија на Труците Зулфиќар Зејнула, откако партија склучи коалициски договор со најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ,

Изборот на Зејнула, беше одвоен од останатите новоизбрани членови на Владата пред неколку дена, за да се запази правилото на реконструкција на најмногу една третина од министрите,  што може да ја предложи премиерот.

“Барам поддршка за принципот дека институциите треба да ги водат луѓе кои имаат одговорност за водење на тие институции и да ги решаваат проблемите на луѓето. Потребна е политика што обединува , а не што создава нови ровови “, го бранеше предлогот пред пратениците, предлагачот – премиерот Мицкоски.

Во биографијата на новоизбраниот министер Зејнула стои дека  тој има долгогодишно искуство во јавната администрација и безбедносниот сектор. Во периодот од 2021 до 2024 година ја извршувал функцијата заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а претходно бил советник во Советот на Општина Гостивар и работел во правниот сектор на Демократската партија на Турците. Професионално искуство стекнал и во приватниот сектор.

Тој е дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Покрај турскиот мајчин јазик, зборува и македонски, албански, германски и српски јазик.

Опозицијата реагираше дека поважен од етничкиот предзнак на кандидатот, секако е неговата визија и квалитет да биде таква позиција. Дополнително за опозицијата денешниот предлог е уште еден политички пазар.

Истовремено, денеска, пратеникот од ДПТ Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top