Регион

Борисов: Радев е политички лидер на непостоечка партија

Поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на владејачката партија ГЕРБ , Бојко Борисов, остро го критикуваше претседателот Румен Радев и го обвини – за поделба на нацијата. „Не разбирам зошто толку време трошиме коментирајќи политички лидер на неостварена партија. Радев се загрева веќе 8 години и не се осмелува да скокне. Нека престане да ја […]

Поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на владејачката партија ГЕРБ , Бојко Борисов, остро го критикуваше претседателот Румен Радев и го обвини – за поделба на нацијата.

„Не разбирам зошто толку време трошиме коментирајќи политички лидер на неостварена партија. Радев се загрева веќе 8 години и не се осмелува да скокне. Нека престане да ја користи претседателската институција како приватна авиокомпанија и нека излезе да се бори против нас.

Секоја негова изјава е раздор за нацијата, нема никаква врска со обединувач на нацијата“ – изјавил Борисов, меѓу другото, во врска со инсистирањето на претседателот Радев, во Бугарија да се одржи референдум за воведување на еврото и влез на Бугарија во Еврозоната.

„Само ние успеваме да ве водиме по европскиот пат на развој. Ги видовме дизајнерот Асен Василев, Петков, Денков (поранешни премиери – н.зз), тие не побараа конвергентен извештај, не побараа она што го побаравме и добивме“, коментираше Борисов.

Тој ја обвини партија „Продолжуваме со промените“ дека е единствената што може да го спречи конечното прифаќање на Бугарија во еврозоната.

Борисов тврди дека претставници на „Продолжуваме со промената“ се на турнеја низ европските земји за да ја исплашат Бугарија да не ја прифати еврозоната.

„Само една земја е доволна за да не бидеме примени“, коментираше Борисов. Конечната одлука за прием на Бугарија во монетарната унија се очекува на 8 јули.

Според Борисов, редовната влада е многу подобро слушната во Брисел отколку дома, а по приемот на Бугарија во еврозоната, владата ќе може да се фокусира на развој на економијата, стимулирање на инвестициите и зголемување на приходите.

 

Радев бара референдум за воведување на еврото, Борисов вели – тоа е опасно!

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top