Регион Свет

Бугари се фалат дека тие го блокирале Извештајот на ЕП за Македонија

На барање на групата на ЕНП, поддржано од сите бугарски европратеници, известувачот Томас Вајц побара и доби одложување на гласањето во Комитетот за надворешни работи на ЕП за долгоочекуваниот годишен извештај за напредокот на Македонија во Скопјe за 24 јуни, пишува бугарскиот весник Сега Во писмо до своите колеги, бугарските европратеници изразуваат сомнежи во интегритетот […]

На барање на групата на ЕНП, поддржано од сите бугарски европратеници, известувачот Томас Вајц побара и доби одложување на гласањето во Комитетот за надворешни работи на ЕП за долгоочекуваниот годишен извештај за напредокот на Македонија во Скопјe за 24 јуни, пишува бугарскиот весник Сега

Во писмо до своите колеги, бугарските европратеници изразуваат сомнежи во интегритетот на извештајот и пријавуваат неправилности, вклучувајќи неовластено и предвремено протекување на внатрешни парламентарни информации, клучни елементи од нацрт-документот и компромисни амандмани до службениците во Скопјe.

Пример е изјавата на премиерот на Северна Македонија, Кристијан Мицковски, од 1 јуни, дека однапред бил многу детално запознаен со извештајот, пишува Сега.

Барањето (за одлагање на извештајот) било од известувачот во сенка Ивајло Валчев и било испратено само до известувачите во сенка, советниците што работат на досието и секретаријатот на Комисијата за надворешни работи (AFET), но помалку од 24 часа подоцна, македонскиот премиер Мицкоски беше информиран за барањето.

Тврдењето на Мицкоски дека неговата влада работела на овој извештај 11 месеци заедно со известувачот за да постигне толку позитивен резултат за нив е исто боло вознемирувачко.

„Овие откритија, направени пред завршувањето на преговорите меѓу известувачите во сенка, укажуваат на континуирано и структурирано протекување на информации или, уште полошо, на нарушување на безбедноста на серверите на ЕП и е-поштата на персоналот од страна на трети земји.

Покрај одложувањето на гласањето за извештајот во Комитетот за надворешни работи и на пленарна седница, европратениците инсистираат Парламентот да спроведе внатрешна истрага за евентуално кршење на внатрешните процедури со цел да се утврди изворот и обемот на протекувањето на информациите. Европратениците, исто така, инсистираат периодот на одложување да се искористи за повторно преговарање за спорните текстови.

Одложено гласањето за нацрт извештајот во ЕП за Македонија за 24 јуни

Најнови вести од: Регион Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Бугарите на протестите побараа оставка на Радев, нарекувајќи го „измамник“, „кукавица“ и „штетен за Бугарија“, а владата како „неспособна и криминална“!

Бугарската новинска агенција БТА објави: Антивладините демонстранти го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија во саботата. На митингот се скандираше: „Оставка“ и „Ова не е Москва“! Граѓаните масовно бараа итна оставка од кабинетот на Радев само еден месец по неговото стапување на должност. На антивладините демонстрации во Софија вчера имаше транспоаренти со порака: „Чичо Румен, оди си со мир!“ „Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио.

Илјадници на улиците во Софија, прв протест и „граѓански отпор“ против владата на „рускиот агент“ Радев, кои ја „одалечуваат Бугарија од европскиот пат“!

Во Софија синоќа се одржа првиот протест против владата на Румен Радев, при што илјадници граѓани излегоа на улиците изразувајќи незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Организаторите упатија остри критики кон премиерот Радев, оценувајќи дека неговото владеење ја оддалечува Бугарија од европскиот пат. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.

To top