Регион

Бугарија по осми пат за пет години оди на избори

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска соопшти дека ќе се одржат нови предвремени парламентарни избори на 19 април

Откако му го довери мандатот за состав на нова влада на Андреј Ѓуров, претседателката на земјата Илијана Јотова, најави дека нови предвремени избори за состав на редовна влада ќе се случат на 19 април.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, досегашниот заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори.

Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во земјата членка на ЕУ и НАТО, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.
Бугарија долго време е политички нестабилна

„Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top