Регион

Бугарија по осми пат за пет години оди на избори

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска соопшти дека ќе се одржат нови предвремени парламентарни избори на 19 април

Откако му го довери мандатот за состав на нова влада на Андреј Ѓуров, претседателката на земјата Илијана Јотова, најави дека нови предвремени избори за состав на редовна влада ќе се случат на 19 април.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, досегашниот заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори.

Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во земјата членка на ЕУ и НАТО, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.
Бугарија долго време е политички нестабилна

„Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Најнови вести од: Регион

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Јотова за Бугарите во Македонија: Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права!

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори темата за положбата на Бугарите во Македонија. Таа рече дека „Софија нема да се откаже од нив и ќе продолжи да ги штити нивните права“. Јотова ова го наведе вчеравечер од месноста „Петрова нива“ во село Стоилово, во Бугарија, каде што учествуваше на „одбележувањето на 123 годишнината“ од таканареченото „Илинденско-Преображенско востание“.

Каракачанов: Иран може да ги нападне Бугарија и Романија, кои немаат начин да се одбранат

Прашањето е зошто влегувате во конфликт што не е ваш, особено со земја со која Бугарија традиционално одржува нормални дипломатски и економски односи со децении, вели лидерот на ВМРО-БНД

To top