Регион

Бугарија скокна на нозе за паднат украински дрон

Партиите го бараат виновникот за инцидентот што ѝ се случи на членката на НАТО од претендентката за влез во Алијансата

Бугарскиот премиер Румен Радев објави дека дрон влегол во воздушниот простор на источниот сосед на Македонија и експлодирал 100 метри на бугарска територија од правец на Романија.

Инцидентот се случил утрово во 8:10 часот на 200 метри од поранешниот граничен премин меѓу Бугарија и Романија кај Кардам.

„Особено е важно да се знае дали постои ризик од повторување и какви конкретни мерки се преземени за Бугарија да може брзо да ги открие, следи и неутрализира ваквите закани. Она што се случи уште еднаш ја покажува потребата од изградба на заеднички европски и сојузнички систем за заштита од беспилотни летала по целата Источна страна – од Балтичкото до Црното Море, со интегриран надзор, размена на информации и координиран одговор. Во време на зголемени ризици, Бугарија мора да дејствува мирно, професионално и заедно со своите сојузници. Националната безбедност бара факти, способности и единство, а не политички шпекулации“, реагира ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов.

„Чиј е дронот? Украински, руски или ирански? Второто е многу малку веројатно, првото е најверојатно“, се надоврза лидерот на ултранационалистичката Преродба, Костадин Костадинов.

Според него, она што се случи не е изненадувачки со оглед на „агресивната политика што веќе ја водеа низа бугарски влади“. Сепак, тој прашува зошто неговата партија дознала од медиумите дека постоел таков случај.

„Присуството на парламентарните партии не е задолжително, но во овој случај станува збор за државничко однесување, кое на Радев дефинитивно му недостига. Политиката на Румен Радев е банкротирана, разоткриена од лицемерните постапки на неговите инженери од амбасадите и странските служби“, додаде Костадинов.

На крајот се огласи и Министерството за одбрана.

„Првичната анализа на остатоците покажува дека најверојатно станува збор за дрон-мамка ‘Маја’. Овој тип дронови се широко користени од украинските вооружени сили. Во моментов, нема причина да се верува дека инцидентот бил намерен“, велат од Министерството.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top