Регион

Бугарија воведува забрана за извоз на горива во ЕУ

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски компании, вклучително и „Лукоил“, кој управува со најголемата рафинерија за нафта во Бугарија.

– Во контекст на намалената предвидливост на снабдувањето, привремена забрана за извоз и испораки во рамките на ЕУ се воведува како пропорционална и неопходна мерка за заштита на јавниот интерес, истакнаа авторите на предлогот.

САД минатата недела воведоа санкции насочени кон руските нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“, вклучително и замрзнување на сите нивни средства во САД и забрана за сите американски компании да соработуваат со нив. Компаниите што работат со „Росњефт“ и „Лукоил“ може индиректно да бидат санкционирани.

Исклучоци се дозволени за полнење гориво на локални и странски бродови и авиони, како и за испораки на вооружените сили на НАТО или на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ, кога тоа е поврзано со заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Ќе тргнат по мене – за да ме отстранат, убијат, уапсат… (ВИДЕО)

Најави штрајк со глад. при што има намера писмено да им забрани на лекарите да му пружаат медицинска помош, и откри дека ги предупредил членовите на своето семејство да се подготват за најлошото

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

To top