Регион

Бугарка осудена на доживотен затвор за убиство во Грција

Откако сурово го убила партнерот, се обидела да го прикрие злосторството со закопување на телото во дворот на куќата

 

Грчки суд осуди Бугарка на доживотен затвор за убиство, објавуваат бугарски медиуми.

35-годишната жена е прогласена за виновна за убиство на својот партнер во Лептокарија.

Делото го извршила со посебна суровост. За време на истрагата, беше утврдено дека обвинетата го убила својот партнер во нивниот заеднички дом.

Потоа се обидела да го прикрие злосторството со закопување на телото во дворот на куќата.

Судот не пронајде олеснителни околности. Судиите нагласија дека станува збор за убиство со умисла.

Во текот на случајот, стана јасно дека односот меѓу двојката се влошил со текот на времето. Главните мотиви за убиството биле љубомора и финансиски спорови.

 

Најнови вести од: Регион

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

To top