Регион

Бугарското собрание го блокира референдумот за напуштање на левот

Бугарското Народно собрание со мнозинство гласа одби да распише национален референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, ставајќи дефинитивен крај на иницијативата на претседателот Румен Радев.

Бугарското Народно собрание со мнозинство гласа одби да распише национален референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, ставајќи дефинитивен крај на иницијативата на претседателот Румен Радев. Од 219 присутни пратеници, 135 гласаа „против“, 81 „за“, а тројца беа „воздржани“, јави „Новините“. Ова е четвртото одбивање на ваква иницијатива, по претходните во јули 2023, септември 2024 и септември 2025 година.

Седницата помина во напната атмосфера со неколку прекини, предизвикани од отсуството на претставник од претседателската администрација за да го образложи предлогот. Спорот трае од мај 2025 година, кога Радев неочекувано го поднесе барањето, и покрај напредните подготовки за приклучување кон еврозоната. Претходно, Уставниот суд утврди дека поранешната претседателка на собранието Наталија Киселова го прекршила Уставот со блокирање на процедурата, што ја отвори патеката за расправа. Новата претседателка, Раџа Назаријан, дозволи разгледување во комисиите и на пленарна седница.

Предлогот го внесе партијата „Преродба“, користејќи го правото на малцинствата да го формира дневниот ред на првата седница во месецот. Опозициските пратеници од „Преродба“, „Големина“ и МЕЧ го поддржаа референдумот, тврдејќи дека граѓаните мора да одлучат за напуштање на левот. За време на дебатата, пратениците од „Преродба“ разви транспарент со натпис „Референдум за левот, а не за еврото“, што претседателката Назаријан веднаш нареди да се отстрани.

Во писменото образложение, Радев нагласи дека усвојувањето на еврото бара „широк јавен консензус“ и дека граѓаните „треба да одлучуваат за прашања што влијаат врз нивните финансии“.

Одлуката на собранието доаѓа непосредно пред очекуваната позитивна оценка од Европската комисија за исполнување на критериумите за влез во еврозоната во 2026 година.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

To top