Регион

Црна Гора сепак ги затвора сите пет поглавја во преговорите со ЕУ

Вратата е отворена по директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон

 

Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја во преговорите со Европската Унија (ЕУ) на Меѓувладината конференција на 16 декември, бидејќи Франција, по дипломатска активност на државниот врв, одлучи да не го блокира затворањето на две поглавја, објавија медиумите во Подгорица синоќа.

Вратата е отворена за Црна Гора да затвори пет поглавја од преговорите по директен разговор меѓу премиерот Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, објавија медиуми

Покрај средбата со Макрон, според медиумот, Спајиќ разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со министри од повеќето членки на ЕУ и со европската администрација.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ му пишал на францускиот претседател Емануел Макрон, барајќи политичка поддршка за затворање на сите пет поглавја, објави Вијести.

Премиерот Спајиќ, како што е најавено, ќе отпатува во Брисел на 16 декември, каде што ќе разговара со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по свечената церемонија на затворање на поглавјата.

На Меѓувладината конференција, Црна Гора ќе ги затвори поглавјата 3 – Право на основање и слобода на обезбедување услуги, 4 – Слободно движење на капиталот, 6 – Закон за трговски друштва, како и поглавјата 11 – Земјоделство и рурален развој и 13 – Рибарство.

Во петокот, Франција, без претходни најави или навестувања, ја спречи Подгорица да затвори две поглавја во преговорите со Брисел.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

Најнови вести

To top