Регион

Доживотниот претседател на СФРЈ почина пред 46 години на денешен ден

На погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет

На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Тито беше водач во борбата против окупацијата од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана.

Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето.

На погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет.

 

Најнови вести од: Регион

Во Бугарија 14-годишник со автомобил удрил во контејнер за отпад, па избегал со мајка му, во багажникот пронајден мртов нејзиниот сопруг

Сообраќајна несреќа во бугарскиот град Димитровград довела до откривање на убиство, откако 14-годишно момче изгубило контрола врз семејниот „мерцедес“ и удрило во контејнер за отпад. По судирот, момчето и неговата мајка го напуштиле местото, а полицијата во багажникот на автомобилот го пронашла телото на 67-годишниот сопруг на жената, објавува порталот 24chasa.bg.

Студентка насилно одведена од неидентификувани лица за време на протестите во Тирана (ВИДЕО)

Протестите во Албанија веќе предизвикаа десетици повредени и уапсени, а меѓународните медиуми известуваат за најголемиот предизвик за владата на Рама во последните години.

To top