Регион

Грција без такси: 48-часовен штрајк започна низ целата земја

Рано утрово, таксистите низ цела Грција започнаа 48-часовен штрајк, во кој учествуваат возачи од сите делови на земјата, организирани преку своите синдикати

Рано утрово, таксистите низ цела Грција започнаа 48-часовен штрајк, во кој учествуваат возачи од сите делови на земјата, организирани преку своите синдикати. Без такси-превоз ќе остане и главниот град Атина, како и Солун и другите поголеми градови, соопшти дописничката на МИА од Атина.

Грчката федерација на такси-превозници соопшти дека доколку не се најде решение за нивните барања, не е исклучена можноста за повторување или продолжување на штрајкот.

Пред неколку дена во Министерството за транспорт била одржана средба на која таксистите биле информирани за законските измени што се подготвуваат за секторот. Од Федерацијата велат дека постојат „огромни и суштински разлики“ меѓу она што го слушнале од министерството и нивните предлози и барања.

Најголемото несогласување е околу задолжителната електрификација на такси-возилата во Атина и Солун од 1 јануари. Министерството инсистира на минимални исклучоци и постепена замена на сите возила со целосно електрични, додека возачите бараат продолжување на рокот и преземање на сите неопходни мерки за да се овозможи реална транзиција кон електрични возила.

Друго клучно барање е заштитата на конкуренцијата, за кое, според синдикатите, не добиле никаков одговор. Исто така, со години бараат:

сите такси-возила да можат да се движат во специјалните коловозни ленти за автобуси (а не само електричните),
бесплатни простори за чекање и паркирање на аеродроми, пристаништа и станици,
финансиска поддршка преку субвенции за гориво или потрошен материјал,
вклучување во европски програми,
нов, модерен правилник за работа на такси-службите.

„Сигурно е дека секторот со години е изложен на неправедни практики од целокупниот политички систем, особено од 2011 година наваму, со што систематски се поткопува функционирањето на такси-превозот“, соопштија од Федерацијата.

Во Атина и Солун во текот на штрајкот се закажани и протести. Ако синдикатите не одлучат за продолжување, штрајкот ќе заврши во четврток наутро во 6 часот.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top