Регион

Хрватска забранува продажба на алкохол по 20 часот – Општините воведуваат целосна забрана

Хрватска најавува измени на Законот за трговија, со кои на локалните самоуправи, односно на туристички дестинации ќе им даде законска можност да ја забранат продажбата на сите алкохолни пијалоци по 20 часот пред следната летна сезона.

Хрватска подготви измени на Законот за трговија со кои општините ќе можат ами да одлучуваат во кој период од денот и колку часа ќе трае забраната за продажба на алкохол. Локалните власти можат целосно да ја забранат продажбата на алкохол од 20 часот до 6 часот наутро.

Ова би им овозможило на Хвар, Сплит и другите хрватски градови омилени од посетителите на забави да им се придружат на своите медитерански конкуренти, првенствено во Шпанија и Португалија, кои воведуваат вакви забрани за да ги спречат туристите да се опиваат и да дивеат на јавни места, додека алкохолот сè уште ќе се служи во рестораните и баровите, како што објави Н1.

Зборувајќи за измените на Законот за трговија, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар истакна дека единиците на локалната самоуправа ќе бидат овластени да ја регулираат продажбата на алкохол во периодот од 20 часот до 6 часот наутро. Според него, одлуката се сведува на ниво на градови и општини бидејќи тие најдобро ги знаат потребите на своите граѓани.

  • Ова е првенствено за здравјето на нашите граѓани, особено децата и младите, зачувувањето на јавниот ред и мир и заштитата на животната средина и културното наследство – рече министерот.

Нарушувањето на јавниот ред и мир поради консумирањето алкохол, особено за време на туристичката сезона, се наведува како клучна причина за воведување на можноста за забрана за продажба на алкохол, но овие законски измени забрануваат и консумирање алкохол дома ако не сте го купиле на време, бидејќи забраната вклучува и онлајн нарачки.

Најнови вести од: Регион

Марта Кос ја одби идејата на Вучиќ и Рама за влез на Србија и Албанија во Шенген-зоната и во ЕУ без полноправно членство!

Еврокомесарката Марта Кос ја отфрли идејата на Рама и Вучиќ за влез во Шенген без полноправно членство, нагласувајќи дека условите се подеднакво строги како и за пристапување во ЕУ. Според неа, Унијата ќе бара реформи без компромис, дури и во моделот на постепена интеграција.

To top