Регион

Јанша се враќа по четврти пат, Словенија го намали бројот на министри

Пријателот на Македонија и политички партнер на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане премиер по 4ти пат

Словенија го намали бројот на министерства од 19 на 14 откако парламентот го усвои Законот за влада предложен од десничарската партија СДС на ветеранот Јанез Јанша.

Резултатото со 49-те гласа „за“ укажува дека Јанша има доволна поддршка во парламентот за да формира нова влада.

Формирањето на влада предводена од Јанез Јанша беше очекувано по изборот на Зоран Стевановиќ, лидер на партијата Ресница, за претседател на Парламентот од страна на десноцентристичката коалиција.

По последното гласање се очекува наскоро формирање на четврта влада предводена од Јанез Јанша, лидер на Словенечката демократска партија.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top