Регион

Ќе биде ли Јотова прва жена-претседател на Бугарија

„Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата“, рече Радев

Во изненадувачки, но за многумина очекуван потег, шефот на бугарската држава Румен Радев синоќа објави дека ќе поднесе оставка до Уставниот суд за да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори.

Ова е прв пат во поновата историја на Бугарија актуелен претседател да поднесе оставка од својата функција.

Сепак, Уставот предвидел вакви ситуации и од сега па натаму има утврдено редослед на дејствување.

Се очекува Уставниот суд да преземе мерки и да ја прифати оставката на шефот на државата.

До одлуката на судот, претседателот продолжува да ги извршува своите функции. После тоа, е закажана церемонија на положување заклетва пред Народното собрание и дури тогаш Илијана Јотова ќе ја преземе функцијата прва жена претседател на Бугарија.

Радев, кој требаше да извршува функција до јануари 2027 година, изјави дека ќе поднесе оставка денеска.

„Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата“, рече Радев.

„Денеска е последен пат да ви се обратам како претседател на Бугарија“, додаде Радев.

Јотова е потпретседателка на Бугарија од 2017 година. Во 2022 година, таа го започна својот втор мандат.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top