Регион

Која е македонската песна поради која градоначалникот на Лерин ја забрани групата ,,Банда Ентопика”

Песната не е политичка, патриотска туку љубовна

Видео објавено на социјалните мрежи открива која е македонската песна поради која градоначалникот на Лерин ја запре изведбата на групата,,Банда Ентопика”.

Инцидентот се случи на грчкото Коледе пред две недели кога градоначаникот на Лерин Василис Јанакис забрани да се пее македонска песна.

Песната е речиси непозната за пошироката македонската јавност во земјава но е многу популарна меѓу Македонците во Егејска Македонија.

Песната не е патриотска ниту политичка туку љубовна и зборува за двајца вљубени.

Името на песната е:

Ела ќерко да ти кажам

Ела ќерко да ти кажам што си видов јас во сонот,
кога сум си била ќерко, малечко девојче.

Си играме, се смееме, и во очи се колнеме
за лубовта си мислиме, во буфчанска чешма.

Си играме, се смееме, и во очи се колнеме
за лубовта си мислиме, во Кипроја чешма.

Кога станав од постела и си видов кај сум била,
тешка дума ме попрати за клетата туѓина.
Дали боже дал’ се може во селото да си идам
со другарки да се видам, во белата црква.

Кипроја е чешма која се наоѓа во центарот на селото Буф (грчки: Акрíтас, Акритас, во превод “граничар”, до 1955 Мпоúпхи, Буф, село во Егејска Македонија).

Како звучи песната во оргинал на линкот

https://pesna.org/song/1155

Поврзана вест

Градоначалникот на Лерин забрани да се пее на македонски јазик

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top