Регион

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

Бугарската претставничка на изборот за Песна на Евровизија – Дара, чие вистинско име е Дарина Јотова, преку ноќ стана едно од најбараните имиња на европската музичка сцена по синоќешната победа. Заразната песна „Бангаранга“, впечатливата кореографија и енергичниот настап ѝ ја донесоа на Бугарија првата победа во историјата на натпреварувањето. Иако со години е голема ѕвезда во нејзината родна Бугарија, Евровизијата ја лансираше пред милионска публика низ цела Европа.

За време на Евровизиската недела, таа особено се истакна со настапот кој комбинираше современи поп и фолклорни мотиви, и токму оваа комбинација ги освои и публиката и жирито.

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

Пошироката јавност ја запознала во 2015 година во бугарската верзија на шоуто „X Factor“, по што нејзината кариера доживува подем. Деби синглот „К’во не чу“ многу брзо заврши на врвот на музичките листи, проследен од хитови како „Гром“, „Повикај ме“ и „Господин Ровер“.

Низ годините, таа освои бројни музички награди, распродадени билети на концерти и собра милиони прегледи на социјалните мрежи.

Таа беше и најмладиот ментор во шоуто „Гласот на Бугарија“, а минатата година настапи како предгрупа за Роби Вилијамс на концерт во Софија.

Дури и пред финалето, Дара отворено зборуваше за тоа колку многу ѝ значи претставувањето на Бугарија на Евровизискиот натпревар.

  • „Победата би била неверојатна и апсолутно се натпреварував за победа. Но, подеднакво сум трогната од идејата Бугарија да биде видена. Дека навистина можеме да бидеме видени“, рече таа во интервју за The Independent.

Таа исто така додаде дека верува оти нејзината земја има „огромна културна душа“ за која Европа сè уште не дознала доволно.

  • „Ако „Бангаранга“ го натера некого да ја истражува бугарската музика, брегот, литературата или луѓето, тогаш веќе сум постигнала нешто вистинско“, рече таа.

Насловот на победничката песна доаѓа од јамајканскиот сленг и може да се преведе како „бунт“, „метеж“ или „хаос“. Дара ја опишува како посебна енергија што симболизира слобода и живот без страв. Тоа е чувство што секој го носи во себе. Моментот кога ќе одлучите да ја изберете љубовта пред стравот“, објасни таа по полуфиналето.

Песната стана и симбол на големото враќање на Бугарија на Евровизискиот натпревар по отсуството од натпреварот поради финансиски причини. Земјата последен пат се натпреваруваше во 2022 година, а враќањето веднаш беше крунисано со историски успех.

Најнови вести од: Регион

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

To top